Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ах љубов, пак љубов

Ова момче ме мачи бре, со тие очи,
со тие очи бадемлии.
А ти моме не ме гледај,
лесно заспивај,
а ти моме не ме гледај,
лесно заспивај.

Ах љубов, пак љубов
без тебе не може.
За очи бадемлии
кој болен не лежи?

Море момче многу сакаш бре, многу ќе ти биде,
сакаш ли да ме целиваш?
Итро моме, инат не прај,
појди со мене,
итро моме, инат не прај,
појди со мене.

Ах љубов, пак љубов
без тебе не може.
За очи бадемлии
кој болен не лежи?

Море ќе ме молиш бре, лудо младо,
ти без мене не можеш.
Цел свет да шеташ, нема да најдеш
полично од мене,
цел свет да шеташ, нема да најдеш
полично од мене.

Ах љубов, пак љубов
без тебе не може.
За очи бадемлии
кој болен не лежи?

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ѓорѓи Желчевски, Кевсер Селимова - Ах љубов, пак љубов

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ѓорѓи Желчевски
  2. Кевсер Селимова