Кога падна на Пирина

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:
- Ајде Јане со нас појди,
ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек ќе најде.

Први сокол проговара:
- Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
горе в' Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.

Втори сокол проговара:
- Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас дојди,
дур' до белото море.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.

Трети сокол проговара:
- Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
долу крај Вардара.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.

- Ојте вие три сокола,
в' срце луто сум ранет.
Остајте ме тук' да умрам,
лек мене не лекува.
Македонија други ќе роди,
ќе ја ослободат.

Мајко Македонијо,
други да раѓаш
да те ослободат!