Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ќе ти умрам мамо

Ќе ти умрам мамо, леле
ќе ти умрам мамо,
ќе ти умрам мамо
рано во недела.

Рано во недела, леле
рано во недела,
рано во недела
на мека постела.

Да ме закопате, леле
да ме закопате,
да ме закопате
пред црквина порта.

Да ми посадите, леле
да ми посадите,
да ми посадите
ружица румена.

Кој што ќе помине, леле
кој што ќе помине,
кој што ќе помине,
ружица да скини,
ружица да скини,
мене да ме спомни.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Шиткарски - Ќе ти умрам мамо
  2. Ристо Амиго Стојанов - Ќе ти умрам мамо
  3. Блага Петреска, Захаринка Милосављевиќ - Ќе ти умрам мамо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Шиткарски
  2. Ристо Амиго Стојанов
  3. Блага Петреска
  4. Захаринка Милосављевиќ