Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Крушево абер пристигна

Крушево абер пристигна
кој има синој големи,
комити да ги испрати
во тоа славно Смилево.
Комити да ги испрати
во тоа славно Смилево.

Стојан си немал синои,
Стојан си немал синови,
само си ја имал Тодорка,
Тодорка една на мајка.
Тодорка една на мајка,
Тодорка една на татко.

Тодорка на татко велеше:
- Купи ми пушка берданка
и една сабја пренгија
јас комита татко ќе одам.
Јас комита татко ќе одам
во тоа славно Смилево.

А што беше лична Тодорка
нарами пушка на рамо
запаша сабја пренгија
три години комита шетала.
Никој Тодорка не познал
дека е Тодорка девојка.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Крушево абер пристигна
  2. Стојне Николова - Крушево абер пристигна
  3. Наум Петрески - Крушево абер пристигна
  4. Македонски мерак - Крушево абер пристигна

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Стојне Николова
  3. Наум Петрески
  4. Македонски мерак