Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Трба трби Гевгелија

Трба трби Гевгелија
сите Турци на давија.
Сите Турци на давија
од јунака Леонида.
Цар испратил до три војски
до три војски сè ти разби.

Прва војска - гевгелиска,
втора војска е дојранска.
Втора војска е дојранска,
трета војска е Струмичка.
Ќе го бараат Леонида,
Леонида, баш комита.

Го бараа во Богданско,
го најдоа во Ѓавато.
Го најдоа во Ѓавато,
во Ѓавато, во Ѓуров дол.
Јунак лежи в' постелата,
срце му е динамита.

Срце му е динамита,
в' раце држи револвера.
Бој започна од сабајле,
од сабајле, дур' до вечер.
Триста души убиени,
а ранети, неброени.

Проговара јузбашија:
- Еј јунаку Леонида,
предај ми се ти на мене
да те водам кај Султанот.
Тој да види каков јунак,
ќе ти даде многу пари.

Одговара Леонида:
- Слушај мене јузбашијо,
елај ваму, понаваму,
да ти кажам два-три збора.
Да ти кажам два-три збора,
два-три збора македонски.

Голем страм е за комита
жив да падне в турски раце.
Таква правда - турска правда,
три илјади на три мина.
Останаа два патрона,
еден за теб', втори за мен'.

Си извади револвера
па го стрела јузбашија.
Па го стрела јузбашија
и на крајот сам се уби.
Живот даде Леонида
за Македонија мила.


// Во спомен на комитата Леонид Јанков (1878 - 1905).

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Трба трби Гевгелија
  2. Јанко Узунов - Трба трби Гевгелија
  3. Мартина Костова - Трба трби Гевгелија

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Јанко Узунов
  3. Мартина Костова