Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

За Зарина

(Ој Зарино, прва севдо)

Ој Зарино, прва севдо,
еднуш јас дојдов дома ти.

Тебе тука не те најдов,
тук' те најдов по комшии.

По комшии, по азбашти,
кај се нишаш на нишалка.

Кај се нишаш на нишалка
со твоите први другарки
со мојте први душманки.

Мор' Зарино, прва севдо,
ако ме љубиш, љуби ме,
ако не, право кажи ми.

Ако не, право кажи ми
да си го чинам чарето,
да не си губам времето.

Младоста течит како река,
а не е младост за два века.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Тајфата на Шуле - За Зарина
  2. Охридски трубадури - За Зарина
  3. Ансамбл Билјана - За Зарина
  4. Охридски трубадури - За Зарина
  5. Група Сарај - За Зарина

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Тајфата на Шуле
  2. Охридски трубадури
  3. Ансамбл Билјана
  4. Група Сарај