Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ти не знаеш момче

- Ти не знаеш момче љубов да водиш,
ти не знаеш моми да љубиш,
не знаеш, момче, сеуште си млад,
што во љубов мома од момче сака.

Кога љубиш - љуби, искрен биди,
кога мамиш, мамиш да не осети,
ако верна љубов сакаш момче ти,
покрај неа биди, па ја милувај.
Момченце, шеќерче, срцево ми го изгоре
за тебе, по тебе, аман момче, изгорев.

- Тоа што го велиш, така не ќе е,
еве провери го моме кај мене,
искрен сум моме сега, верувај,
ако најдам мома како тебе јас.

Кога љубам - љубам, не се шегувам,
кога мамам, мамам, прошка јас барам,
ако има мома да ме разбере,
во љубовта наша верен ќе бидам.
Моме бре, аман де, срцево ми го изгоре,
за тебе, по тебе, аман моме, изгорев.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Грозда Стоева - Ти не знаеш момче

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Грозда Стоева