Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Тргнало ми лудо младо

Тргнало ми лудо младо
за солунски пазар
и на моме проговара
рачај, порачувај.

Рачај порачувај моме
што да ти донесам
срмено елече моме
или ѓерданче.

Купи лудо, купи младо
што ти срце сака
што ти срце сака лудо
што го нема тука.