Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Тргна ми Донка да оди

Тргна ми Донка да оди
на таа чешма шарена
на таа вода студена
низ тоа поле широко.

Оздола иде беќарче
на Донка вели, говори:
- Постој ми Донке, почекај
јас да ти речам два збора.

Прсна ми Донка да бега
низ тоа поле широко,
низ тоа поле широко,
низ тие пусти капини.

Пуста капина ја фатила
за свиленото фустанче.
- Држи ја капино, не пуштај,
голема фалба за тебе,
голема фалба за тебе,
убава Донка за мене.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Александар Сарев - Тргна ми Донка да оди

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Александар Сарев