Што ми е мило ем драго мамо

Што ми е мило ем драго мамо,
што ми е мило ем драго,
комшиче либе да имам мамо,
комшиче либе да имам.

На пенџерето да седам мамо,
на пенџерето да седам,
бело ѝ лице да гледам мамо,
бело ѝ лице да гледам.

Бело ѝ лице да љубам мамо,
бело ѝ лице да љубам,
руса ѝ коса да мрсам мамо,
рамна ѝ снага да кршам.