Саноќ седам Трено

Саноќ седам Трено, саноќ мислам
сите моми Трено ги споминам
кога тебе те споминам
чаша солзи Трено исполнувам.

Чаша солзи Трено наполнувам
ал шамија Трено натопувам
ал шамија натопувам
на гради ја Трено исушувам.

Саноќ седам Трено, саноќ пијам
сите песни Трено ги спејувам
сите песни ги спејувам
сите моми Трено ги споминам.

Кога тебе Трено те споминам
тамбурата Трено искршувам.
Забелешка: Ова е авторска песна, а нејзин создавач е Ајри Демировски.