Саноќ ми билбил пропеа

Саноќ ми билбил пропеа,
саноќ ми билбил препеа,
на катиниот трендафил,
на катиниот трендафил.

- Стани ми, стани Катинке,
стани ми, стани девојче.
Либето ти се посврши,
од тебе сака проштење.

- Од мене просто да му е,
од мене просто да му е.
Од бога проклет да биде,
срцево ми го изгоре!