Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

По горите македонски

По горите македонски шетала мома,
шетала е охриѓанка, убава мома,
шетала е охриѓанка, убава мома.

Таму долу под буките лежи млад јунак,
над глава му милна сестра, жално го гледа,
над глава му милна сестра, жално го гледа.

Ем го гледа, ем прашува: - Каде те боли?
- Не прашувај, милна сестро, тешко сум ранет.
- Не прашувај, милна сестро, тешко сум ранет.

Земи книга и мастило, писмо напиши,
испрати го до Битола, при мојта мајка.
Испрати го до Битола, при мој'та мајка.

Во писмото да напишеш до два-три збора,
нека чита, нека знае, зошто загинав.
Нека чита, нека знае, зошто загинав.

Јазе мајко млад загинав за слободата,
за слобода, мила мајко, за Македонија.
За слобода, мила мајко, за Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Стефче Стојковски - По горите македонски
  2. Група Македонија - По горите македонски
  3. Непознат изведувач - По горите македонски

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Стефче Стојковски
  2. Група Македонија
  3. Непознат изведувач