Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Охрид, Охрид убав мил

Охрид, Охрид убав мил,
ти за мене рај си бил.
Јас ќе одам далеку
не знам дал' ќе се вратам пак.

Езерото ми убаво,
јас со солзи го оставив.
Со кајчето од Вистера
во Албанија се најдов јас.

Збогум мајко, збогум веч
јас ќе одам далеку.
Јас ќе одам далеку
не знам дал' ќе се вратам пак.

Охрид, Охрид убав мил,
град на Климент, Самуил.
Забелешка: Вистер бил виенски виолинист кој заедно со семејството, кое се состоело од музичари, настапувале во Охридските ресторани и хотели меѓу двете светски војни. Песната ја компонирал Сотир Ѕингал, опишувајќи ја случката кога заедно со уште двајца охриѓани („Борис од Мицета от Карајлија и Илче от попа Анастаса“ - линк) го украле изнајменото кајче од Вистер и го преминале езерото до Албанија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Охрид, Охрид убав мил

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана