Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Одиш ти

Сите песни, сите ѕвезди,
сите очи плачат ко одиш.
Сите цветој, сите лисја,
сите реки носат тажни води.

Ај, ај,
стојам сама јас во дворој,
ај, стојам сама, ај јас во дворој,
срце капат твојте зборој.

Одиш ти, одиш ти
и ми оставаш празни дни.
Но и ти ќе си сам,
кому соништа јас да дам?

Малку надеж да ми дадеш,
за да тлеат в' срце две-три траги,
како песна, како пролет,
да те чекам преку сите таги.

Сите песни, сите ѕвезди,
сите очи плачат што те нема,
што да речам, што да колнам,
која судба наша што те зема?

Ај, ај,
стојам сама јас во дворој,
ај, стојам сама, ај јас во дворој,
срце капат твојте зборој.

Одиш ти, одиш ти
и ми оставаш празни дни.
Но и ти ќе си сам,
кому соништа јас да дам?

Малку надеж да ми дадеш,
за да тлеат в' срце две-три траги,
како песна, како пролет,
да те чекам преку сите таги.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виолета Томовска - Одиш ти

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виолета Томовска