Кога војници тргнавме

(Војната, тригодишната)

Кога војници тргнавме
за таа пуста планина,
оставивме мајки, татковци
жени со машки дечиња.

Леле војната мамо, војната
војната тригодишната.
Мамо војната,
војната тригодишната.

Марике, дилбер Марике,
тебе ми те жална оставам.
Тебе ми те жална оставам,
жална од осум месеци.

Леле војната мамо, војната
војната тригодишната.
Мамо војната,
војната тригодишната.

Марике либе, Марике,
ако ти е машка рожбата.
Ако ти е машка рожбата,
на мојто име да крстиш.
Војната е силна, ужасна,
може тамо јас да загинам.

Леле војувам мамо, војувам,
војувам не ќе се вратам.
Мамо војуват,
не ќе се вратат.