Излези, стара мајко

Ја излези, стара мајко,
надвор до портата,
па да чуеш, стара мајко,
што песна се пее.

Да го чуеш, стара мајко,
твојот син комита,
песна пее, стара мајко,
в' планина ќе оди.
Песна пее, стара мајко,
песна за слобода.

Збогум мајко, збогум жено,
збогум мили деца.
Мојта жена, стара мајко,
пушка малихера.
Мојте деца, стара мајко,
дребните куршуми.