Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Каљо, Калино девојче

Каљо, Калино девојче
виши, виши црни очи.
Виши, виши, на високо,
на високо, на широко.

Кај што Турци кафе пијат,
арнаути баш ракија.
Арнаути баш ракија,
а ергени рујно вино.

Едно лудо, лудо младо
ниту јаде, ниту пие.
Само Каља погледнува
со око ѝ намигнува.

- Ајде Каљо да бегаме
в наше село, арно село.
Од две страни сонце грее,
а од трета месечина.
Два пати се жетва жнее,
три пати се лозје бере.