Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Извикна Јана провикна

Ај извикна Јана, провикна,
извикна Јана провикна,
од високите чардаци
од сребрените пармаци.

Озгора идат војводи
по нив ми одат комити,
на рамо маликерите
на појас леворверите.

Ај на појас леворверите,
на појас леворверите,
на гради патрондашите,
на гради патрондашите.

Ај извикна Јана, провикна,
извикна Јана, провикна:
- Удрете браќа, удрете,
удрете не се бојите.

Ај удрете, не се бојите,
удрете не се бојете,
овде не ми е Грција
сега је в котел Турција,
овде се бијат момчиња,
момчиња Македончиња.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Извикна Јана провикна

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана