Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

И таму е мојата родина

(Песна за Христо Узунов)

И таму е мојата родина
далеку Македонија,
јас сакам таму да загинам
а ти ме заб'рави за век.

И таму е мојта мајка
и таму има божји свет
јас сакам таму да загинам
ти ме заборави за век.

Не плачи мила мајко
не рони солзи крвави,
ако Христо Узунов падна
на врагот жив се не даде.

Сестрите нема да ми идат
на мојот гроб осамотен
и мајка нема да ми идат
да леит солзи за мене.

Не жали мила моја родино
и сите ви другари мој,
ако Христо Узунов падна
на врагот жив се не даде.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - И таму е мојата родина

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана