Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Една вечер

Една вечер сон сонував
че една пријателка,
ко светлина ми се јави
над моето ми легло.

Ко је видов се исплашив,
умрената беше жива,
таа ме праша кај е љубовта
која што беше неразделива.

Еј другару, збори, не плаши се
јас сум без коски и душа
оваа вечер дојдов кај тебе
до два збора да ти кажам јас.

Над гробот мој, ил' на крстот
ил' на мојот споменик
ко ќе врвиш да внимаваш
очеквај нешто да најдеш ти.

Ќе го најдеш оној прстен
кој што ми го даде ти,
ќе го земеш и закопаш
далеку негде в пусти крај.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!