Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Дојди, дојди малој моме

Дојди, дојди, малој моме,
долу во градина,
цвеќе да набереш, моме,
букет да наредиш.

Букет да наредиш, моме,
мене да испратиш,
мене да испратиш, моме,
оти војник ќ' одам.

Там' ќе седам, малој моме
до тринајс' години,
на петнајсе, мило либе,
јазе ќе се вратам.
Јазе ќе се вратам, либе,
тебе да те земам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Игнат Виденов, Васил Виденов - Дојди, дојди малој моме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Игнат Виденов
  2. Васил Виденов