Бог да бие Русе твојта мајка
твојта мајка Русе, Ангелина,
твојта мајка Русе, Ангелина.
Што не те дават Русе за Џоџета
за Џоџета Русе од Филевци.
Тук' ми те дават Русе за Номета,
за Наумета Русе, од Банџовци.
Нејќи го го Русе џанам тој Наумета,
тој ти сакат Русе многу пари.
Само Џоџе Русе пари нејќит,
само тебе Русе ми те сакат.
Бог го јубил Русе тој Никола
тој Никола Русе, резилето.
Што му дават Русе голем фурсат
да те грабит Русе за полноќе
со колџии Русе, велештани
полојната Русе, охриѓани.
Џоџе врвит џанам со кајчето,
Русе седит џанам на мосчето.
Сал си веслат Џоџе, песна пеит,
песна пеит Русе, сè за тебе
никој око Русе не му клават.
Таксај мајко, таксај, што ќе таксаш:
на Илија мајко, жолти чевли,
на Климета мајко, шал кошула,
на Парета мајко, таки френски,
на Ташета мајко, рало гашчи,
а на Џоџета мајко, тарапанци.
Ќе те носит Русе, Свети Наум
тамо Џоџе, Русе ќе те венчат
и на гробот Русе ќе си легнит,
белким умот Русе ќе му дојдит.
Дал' ќе му дојдит Русе
ил' ќе му излезит.
Бог да бие Русе твојта мајка
- Виолета Митева
- Ансамбл Билјана
- Ансамбл Билјана
- Охридски трубадури
- Никола Бадев
- Туше
- Круме Спасовски
- Охридски трубадури
- Група Сарај
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Виолета Митева - Бог да бие Русе твојта мајка
- Ансамбл Билјана - Бог да бие Русе твојта мајка
- Ансамбл Билјана - Бог да бие Русе твојта мајка
- Охридски трубадури - Бог да бие Русе твојта мајка
- Никола Бадев - Бог да бие Русе твојта мајка
- Туше - Бог да бие Русе твојта мајка
- Круме Спасовски - Бог да бие Русе твојта мајка
- Охридски трубадури - Бог да бие Русе твојта мајка
- Група Сарај - Бог да бие Русе твојта мајка
Performers
See more songs featuring audio samples by: