Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Донка боли бело грло

Донка боли бело грло,
никој Донка не верува,
кој верува, не е тува,
не е тука, је далеку.

Море не е тука, је далеку,
во Битола, во меана.
Ајде пие вино, немерено,
дава пари неброени.


-- Друга верзија --


Донка грло ја болеше

Донка грло ја болеше,
никој Донка не веруе,
ни свекрва, ни јатрва,
кој верује не е тука.

Донка прати едно писмо,
„брзо да си дојдеш Милан“.
Милан јавна брза коња,
си киниса каде дома.

Не се врна во меана,
си нарача чаша вино:
- Турај вино немерно,
давам пари неброени.

На пат сретна копачите,
па им вели, ем говори:
- Ој копачи, мили браќа,
копајте гроб за двамина.

На пат сретна носачите,
па им вели, ем говори:
- Ој носачи, мили браќа,
оставете бела Донка.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виолета Митева, Иван Узунов - Донка боли бело грло

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виолета Митева
  2. Иван Узунов