Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Дафина болна легнала

Дафина болна легнала
над глава до три доктора.
Болна е, болна ќе умре,
ќе умре млада Дафина.

- Мајко ле, стара мајчице
повикај ми го либето,
два збора да му прозборам,
до срце да го изгорам.

Дури не мине година,
бела руба да не носи.
Бела руба да не носи,
друго либе да не љуби.