Бор садила мома Евгенија

Бор садила мома Евгенија,
бор садила, ем бога молила:

- Дај ми боже бор да ми порасне,
да се качам на борови ветки.

Да си видам сред море гемија,
во гемија, окован делија.

Раце му се в' синџир заклучени,
нозе му се в' букагии стегнати.

На рамена два сиви сокола.
Го опита мома Евгенија
со ш' ги рани два сива сокола.

Одговори окован делија:
- Парче сечам, соколи ги ранам,
солзи ронам, вода ги напивам.