Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ако само запеам

Ако само запеам
ако само засвирам,
тогаш светов запира
за да ме чуе кај играм.

Нема село ниту град,
ни старец, ниту млад,
без да трепне на тој глас,
јас сум мома весела,
в' срце сум песна донела,
ајде да запееме.
Песнава ми е зборлива,
играва ми е горлива,
ајде да заиграме.

Кој и да ме послуша,
кој и да ме дослуша,
срце ќе си отвори,
од севда тој ќе изгори.

Нема село, нема град,
ни старец, ниту млад,
без да трепне на тој глас,
јас сум мома весела,
в' срце сум песна донела,
ајде да запееме.
Песнава ми е зборлива,
играва ми е горлива,
ајде да заиграме.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виолета Томовска - Ако само запеам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виолета Томовска