Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде засвирете браќа свирачи

Ајде засвирете браќа свирачи
да заборавам сè што ме мачи,
пари ќе платам, ќе ве позлатам
бар малку радост јас да си вратам.

Играм и пеам, ќе му се смеам
на овој живот што го живеам.

Оваа вечер јас сè ќе платам
животот краток не ќе го вратам.
Целиот век јас тешко го врвам
и многу маки по него тргам.

Играм и пеам, ќе му се смеам
на овој живот што го живеам.

Не заборавај вино и ракија,
признавам, браќа, бев мераклија.
Меани, крчми, мои биле куќи,
јас во нив минав најлуди ноќи.

Играм и пеам, ќе му се смеам
на овој живот што го живеам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Добри Ставревски - Ајде засвирете браќа свирачи
  2. Јованче Димовски - Ајде засвирете браќа свирачи

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Добри Ставревски
  2. Јованче Димовски