Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде провикнал се Иљо Малешевски

Ајде провикнал се
Иљо Малешевски,
Иљо Малешевски
Иљо војводата.

Кој си нема пушка
тука нека дојде,
тука нека дојде
пушка да му дадам.

Кој си нема сабја
тука нека дојде,
тука нека дојде
сабја да му дадам.

Малешево да иде
с' душман да се бие,
с' душман да се бие
душман да истера.

Душман да истера
од нашата земја,
од нашата земја
од Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ванчо Тарабунов - Ајде провикнал се Иљо Малешевски
  2. Пирински гриваци - Ајде провикнал се Иљо Малешевски
  3. Љупчо Дуцевски - Ајде провикнал се Иљо Малешевски

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ванчо Тарабунов
  2. Пирински гриваци
  3. Љупчо Дуцевски