Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ај мерак имам

Ај мерак имам, мерак имам
за наш'то комшиче.
ај го побарав, го побарав
не ми го дадоа.

Ај го дадоа, го дадоа
за мојот побратим
ај па ме кани, па ме кани
нунко да му бидам.

Ај венчај куме, венчај куме
млада невестица
Ај пак да венчам, как' да венчам
срцево ми плаче.

Ај попот дава, попот дава,
мила молитвица,
ај, а јас дадов, а јас дадов,
клета клеветица.

Ај до недела, до недела
млада невеста
ај до другата, до другата
црна удовица.

Ај до другата, до другата
млада удовица
ај до третата, до третата
моја да ми биде.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Радио студио Скопје, Борис Ангелковски - Ај мерак имам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Радио студио Скопје
  2. Борис Ангелковски