Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Јас си го сакам нано

Јазе си го сакам мамо
поповото Стојне.
Кажи, речи, речи, кажи,
поповото Стојне.

Црни очи има мамо,
солунски филџани.
Кажи, речи, речи, кажи,
солунски филџани.

Руса коса има мамо,
од рамо на рамо.
Кажи, речи, речи, кажи,
од рамо на рамо.

Рамна снага има мамо,
како мрена риба.
Кажи, речи, речи, кажи,
како мрена риба.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Никола Бадев - Јас си го сакам нано
  2. Вера Трпкова, Радио студио Скопје - Јас си го сакам нано

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Никола Бадев
  2. Вера Трпкова
  3. Радио студио Скопје