Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Гена ми појде на чешма

Гена ми појде на чешма
стомните да си наполни,
јунак од гора да лади,
раните да му исцели.

Оф, Гено, Гено убава,
донеси вода студена.

Наполни Гена стомните,
накачи патот кон дома,
отвори порте капиџик,
подаде стомне на јунак.

Ах, Гена, Гена убава,
донесе вода студена.

Дигна ми јунак стомнето,
разлади грло јуначко,
поврати снага ајдучка,
однесе Гена во гора.

Ах Гена, Гена убава
однесе јунак во гора.