Ерген одев мајко

Ерген одев мајко, ерген одев
ерген одев мајко, поарно ми беше.

Се оженив мајко, се оженив
се оженив мајко, злото ме нападна.

Падна ми се мамо, падна ми се,
падна ми се мамо, либе болничаво.

Саноќ ми е мајко, саноќ ми е
саноќ ми е мајко, на рака лежало.

Па не можам мајко, па не можам
па не можам мајко, на коњ да се качам.

Ме качија мајко, ме качија,
ме качија, мајко, моите другари.