Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Дојди мајко испрати ме

Дојди мајко испрати ме
јас ќе си одам.
Јас ќе одам мила мајко
многу далеку,
оф мајко ле, туѓа туѓина.
Јас ќе одам, мила мајко
туѓа туѓина.

Да ги видам, мила мајко
нашите браќа.
Да запејме, мила мајко
песна убава.
Оф, мајко ле, песна убава,
песна пејме, солзи лејме
за родниот крај.

Кога стигнав, мила мајко
в' туѓа туѓина,
таму сретнав, мила мајко
браќа и сестри.
Оф мајко ле, браќа и сестри
песна пејме, солзи лејме
за родниот крај.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Благој Петров - Караѓуле - Дојди мајко испрати ме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Благој Петров - Караѓуле