Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Девојко лична румена

Девојко лична румена
кој ли те тебе милува?
- Само твојте очи, бре лично момче
со нежен поглед ме милуваат.

Љуби ме, љуби ме
бакнежи врели даруј ми,
за љубов срца живеат
од љубов срца умираат.

Девојко ти ѓаволеста,
ај да ми бидеш невеста?
- Море лично момче, не чекај, дојди
само за тебе јас живеам.

Љуби ме, љуби ме
бакнежи врели даруј ми,
за љубов срца живеат
од љубов срца умираат.

Девојко тенка висока,
остани моја до века.
- Твоја ќе сум, момче, јас љубов врела,
твоја ќе бидам до века.

Љуби ме, љуби ме
бакнежи врели даруј ми,
за љубов срца живеат
од љубов срца умираат.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Грозда Стоева, Борче Крстески - Девојко лична румена

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Грозда Стоева
  2. Борче Крстески