Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Девојченце љубиш ли ме мене

Девојченце, девојченце,
љубиш ли ме мене
девојченце љубиш ли ме мене?

Јас те љубам, јас те љубам
на сон те сонувам,
јас те љубам, на сон те сонувам.

Штом сонуваш, штом сонуваш
на кого кажуваш,
штом сонуваш на кого кажуваш?

Јас кажувам, јас кажувам
на мојата мајка,
јас кажувам на мојата мајка.

Ко кажуваш, ко кажуваш
што ти мајка вели,
ко кажуваш што ти мајка вели?

Мајка вели, мајка вели
лажи го ќерко,
јас ѝ велам, си го љубам, мајко,
јас ѝ велам, ќе го земам, мајко.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виданка Георгиева - Девојченце љубиш ли ме мене
  2. Струшки бисери - Девојченце љубиш ли ме мене

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виданка Георгиева
  2. Струшки бисери