Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ој ти пиле

Ој ти пиле, славеј пиле,
ај запеј ми една песна,
една песна жаловита.

Нек' се чуе на далеку,
на далеку преку Вардар,
преку Вардар до Велешко.

Од Велешко до Прилепско,
од Прилепско до Крушевско,
од Крушево - Мечкин Камен.

Од Крушево - Мечкин Камен,
там' се бије славен јунак,
славен јунак Питу Гули,
Питу Гули војводата!