Мамо кој чука на порти

- Мамо кој чука на порти?
- Чука, тропа, мила ќерко,
твојто прво либе.

- Мамо дал да му отворам?
- Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме.

- Мамо, за него вечера,
мамо, за него вечера,
за него вечера, мамо
мојте слатки думи.

Мамо дал да му отворам?
- Немој ќерко, немој душо,
постела немаме.

- Мамо, за него постела,
мамо, за него постела,
за него постела, мамо
мојта рамна снага.