Ленче болно лежи

Ленче болно лежи
време три години
и девет месеци.

Над глава ѝ стои
нејна стара мајка
и на Ленче збори:

- Стани Ленче, стани
стројници ти дошле
стројници скопјани.

- Како дошле мамо
така да си одат.
Јас си имам мајко
либе струмичанче.