Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Кога си тргнав во туѓина

Кога си тргнав в' туѓина
Дафино либе, Дафино,
крај твојте порти поминав, мој галабе
и солзи проронав.

Откажуваш ли либе, откажуваш
од твојта верна си љубов,
думите да си ги приспомниш, мој галабе
назад да се вратиш?

Вашиот чаир да пламни
и вашата куќа да изгори
и твојто ангелско лице, мој галабе
во мојве раце да падни.