Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Жал за Деспина

Што ме разбуди стара мајко,
пусто срце ми е уморно,
од јадови за Деспина,
вчера мајко ја посвршија.

Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.

Стара мајко ле, еве минува
и пред порти застанува.
Сите весели, таа солзи две
прошка бара мајко од мене.

Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.

И да свирите, и да пеете,
жал за Деспина не ќе помине.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Наум Петрески - Жал за Деспина
  2. Горан Андонов - Жал за Деспина
  3. Стефан Величковски, Зоран Џорлев - Жал за Деспина
  4. Mitan Project - Жал за Деспина
  5. Наум Петрески - Жал за Деспина

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Наум Петрески
  2. Горан Андонов
  3. Стефан Величковски
  4. Зоран Џорлев
  5. Mitan Project