Момченце и момиченце

Момченце и момиченце, џанам,
на вази се фатиле.
Момченце и момиченце, џанам,
на вази се фатиле.

На вази се фатиле, џанам,
в' една постела да лежат.
В' една постела да лежат, џанам,
со свилен јорган да спијат.

Лежале што ми лежале, џанам,
три пати петли пропееле.
Три пати петли пропеале, џанам,
момето сон не го фати.

Тогај прозбори момето, џанам,
сврти се лудо кон мене.
Сврти се лудо кон мене, џанам,
префрли рака на мене.

Префрли рака на мене, џанам,
целувај лице Јанино.
Префрли рака на мене, џанам,
целувај лице Јанино.

Целувај лице Јанино, џанам,
оту се зора озори.
Оту се зора озори, џанам,
момите одат на вода.

Момите одат на вода, џанам,
на таја чешма шарена.
На таја чешма шарена, џанам,
да полнат вода студена.

И јас ќе одам на вода, џанам,
на таја чешма шарена.
На таја чешма шарена, џанам,
да полнам вода студена.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Момченце и момиченце

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана