Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде брала мома бело грозје

Ајде брала мома бело ми грозје, ем црно.
Брала мома, бело ми грозје,
ем црно, ем црно.
Брала мома бело ми грозје,
ем црно, ем црно.

Ајде наполнила девет ми бочви, со вино.
Наполнила девет ми бочви,
со вино, со вино.
Наполнила девет ми бочви,
со вино, со вино.

Ајде отворила среде друми меана.
Отворила среде друми,
меана, меана.
Отворила среде друми,
меана, меана.

Ајде научил се Дрено, полскиот делија.
Научил се Дрено, полскиот
делија, делија.
Научил се Дрено, полскиот
делија, делија.

Ајде точи вино, немерено, девојче.
Земај пари, неброени,
ѓаволче, ѓаволче.
Земај пари, неброени,
ѓаволче, галапче.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ристе Тевдоски - Ајде брала мома бело грозје
  2. Филиграни, Ансамбл чалгии на РТС - Ајде брала мома бело грозје
  3. Наум Петрески - Ајде брала мома бело грозје

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ристе Тевдоски
  2. Филиграни
  3. Ансамбл чалгии на РТС
  4. Наум Петрески