Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Дојди, дојди, малој моме

Дојди, дојди, малој моме,
фати се до мене,
да поиграш, малој моме,
до мене на оро.

Нејќам, нејќам, лудо младо,
до тебе да играм,
зашто вечер, лудо младо,
тате ќе ме кара.

Ми препукна, лудо младо,
срцево за тебе.
Дојди, дојди, лудо младо,
моја да ми бидеш.

Јас те љубам, малој моме,
уште од малечка,
дојде време, малој моме,
моја да ми бидеш.

Ако сакаш, лудо младо,
твоја да ти бидам,
да испратиш, лудо младо,
стројници со време.

Ќе испратам, малој моме,
стројници по тебе,
ќе те земам, малој моме,
за млада невеста.

Дојди, дојди, малој моме,
фати се до мене,
да поиграш, малој моме,
до мене на оро.

Сакам, сакам, лудо младо,
до тебе да играм,
до тебе да играм, лудо,
тебе да те гледам.

Ми препукна, лудо младо,
срцево за тебе.
Дојди, дојди, лудо младо,
моја да ми бидеш.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Танец - Дојди, дојди, малој моме
  2. Ванчо Тарабунов, Петранка Костадинова - Дојди, дојди, малој моме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Танец
  2. Ванчо Тарабунов
  3. Петранка Костадинова