Нико, Нико меанџико

- Нико, Нико мори, меанџико,
чини есап Нико да ми платиш,
што ти служев, Нико, три години,
сум решило Нико да се женам.

- Еј Стојане, море измеќаре,
ако сакаш Стојан да се жениш,
јас си имам Стојан, измеќарки,
која сакаш Стојан, таа земи.

- Нико, Нико мори, меанџико,
татко ми оставил проклетија,
да не земам, Нико, јас девојка,
тук' да земам, Нико, јас вдовица.

- Еј Стојане, море, млад Стојане,
ако сакаш, Стојан, ти вдовица,
ако сакаш, Стојан, ти вдовица,
седи овде, Стојан, земај мене.