Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде чиво ли е она девојче

Ајде чиво ли е она девојче
во наш'то градинче, леле,
во наш'то градинче?
Што ми растурило русана коса,
од рамо на рамо, леле,
од рамо на рамо?

Ајде како овчар рудоно стадо
од брега на брега, леле,
од брега на брега.
Ајде изим давај, стара бре мајко,
дали да го земам, леле,
дали да го земам?

Море изим имаш мили бре синко,
појди побарај ја, леле,
појди побарај ја.
Ајде вода ја однесло, бре синко,
тебе ја донесло, леле,
тебе ја донесло.

Море пари давам, ич не ги жалам,
само да ја земам, леле,
само да ја земам.
Ајде пари давам, сè жолти дукати,
само да ја земам, леле,
само даја земам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Билјан Стојаноски - Ајде чиво ли е она девојче

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Билјан Стојаноски