Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Засвирил Стојан

Засвирил Стојан, посвирил,
со шарен кавал, леле, на село,
со шарен кавал, леле, на село.

Дочула Стојна Попова
метејќи рамни, леле, дворови,
метејќи рамни, леле, дворови.

- На ти ја мајко, метлава,
да видам, мајко леле, кој свири
да видам, мајко леле, кој свири.

Ако е лудо неженето,
чекај ме мајко, леле, в' година,
со машко дете, леле, на раце.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Танец - Засвирил Стојан
  2. Васка Илиева - Засвирил Стојан
  3. Танец - Засвирил Стојан
  4. Темјанушки - Засвирил Стојан
  5. Васка Илиева - Засвирил Стојан

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Танец
  2. Васка Илиева
  3. Темјанушки