Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Собрале ми се

Собрале ми се, набрале, леле
на тоа брдо високо.
На тоа брдо високо, леле,
во Серско поле широко.

Тој Гоце Делчев војвода, леле,
со неговата дружина.
Дејгиди Делчев, војвода, леле,
дејгиди силна Македонијо.

Ти ни умираш блазе ле, леле,
на кој оставаш твојта дружина?
На кој оставаш твојта дружина, леле,
дружина млади комити.

Јас те оставам, верна дружно, леле,
на војводата Јане Сандански.
Дејгиди Делчев војвода, леле,
дејгиди силна Македонијо.

Прва бомба фрли Јане Сандански, леле
втора бомба фрли Тодор Паница.
Гледајте врагот, верна дружино,
стрелајте право на душманите.

Дејгиди Делчев војвода, леле,
дејгиди силна Македонијо.
Дејгиди Делчев војвода, леле,
дејгиди силна Македонијо.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Костурчанки - Собрале ми се

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Костурчанки