Невено мори, Невено

Невено мори, Невено,
Невено мори, Невено,
дејгиди име галено, леле
дејгиди име галено.
Невено мори, Невено, леле,
дејгиди име галено.

Бог да убие, Невено,
бог да убие Невено,
твоите стари кумови, леле,
твоите стари кумови.
Бог да убие, Невено леле,
твоите стари кумови.

Ш'о ти турија името,
ш'о ти турија името,
името лична Невена, леле,
името лична Невена.
Ш'о ти турија името, леле,
името лична Невена.

Невено, невен в' градина,
Невено, невен в' градина,
Невено една на мајка, леле,
Невено една на татко.
Невено една на мајка, леле,
Невено една на татко.

Како ш'о вене невен в' градина,
како ш'о вене невен в' градина,
така да венат момчиња, леле,
по наш'та лична Невена.
Така да венат момчиња, леле,
по наш'та лична Невена.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Танец - Невено мори, Невено

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Танец