Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Една мисла имаме

Каде и да одиш,
каде и да шеташ,
не се срами, не се плаши,
Македонец да си.

Една мисла имаме,
еден живот живееме,
Македонија цела да е,
секој да ја знае.

Ако некој рече:
- „Македонија е мала“,
има уште два-три дела
за да биде цела.

Една мисла имаме,
еден живот живееме,
Македонија цела да е,
секој да ја знае.

Ние не сме Грци,
Бугари, ни Срби,
чеда сме на Александар,
гордост македонска.

Една мисла имаме,
еден живот живееме,
Македонија цела да е,
секој да ја знае.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Војо Стојановски - Една мисла имаме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Војо Стојановски